Вториот состанок за регионалната платформа во Струмица беше организиран на 28 март 2023 година во Регионалниот центар за одржлив развој во Струмица и Василево кој се наоѓа во општина Струмица. На оваа средба учествуваа 13 претставници од општина Струмица, НВО Планетум, НВО Хортиеко, СОУ „Димитар Влахов“ и SDEWES-Скопје. Настанот се состоеше од три дела: средба со официјалниот претставник на градоначалникот и потпишување на Меморандум за соработка во просториите на општина Струмица, инфо сесија за промоција на проектот SCALE-UP со локалните ТВ медиуми и втора средба со регионалната платформа за биоекономија во Струмица во просториите на Регионалниот центар за одржлив развој на Струмица и Василево.
Првиот дел од настанот беше посветен на официјалното воспоставување на соработка помеѓу SDEWES-Скопје и општина Струмица. Оттука, со ова Регионалната платформа за биоекономија во Струмица е инкорпорирана како дел од Секторот за животна средина при општината. Во оваа прилика беа претставени целта и активностите на проектот SCALE-UP и беа соопштени потенцијалните синергии со други тековни проекти на општинско ниво. Општина Струмица изрази подготвеност да ја зајакне соработката, да го поддржи проектот SCALE-UP и да се стреми кон подобрување на биоекономијата на регионално ниво. Со цел да се зголеми видливоста на проектот SCALE-UP на регионално ниво, ТВ ВИС беше поканета да биде дел од промотивната сесија на проектот и да спроведе интервју за понатамошна медиумска дисеминација за регионалната платформа за биоекономијаи потенцијалот за развој на иновативен био-базиран бизнис модел кој ги користи локалните земјоделски остатоци преку создавање производи и услуги со додадена вредност. Дополнително, промотивното видео беше дистрибуирано на национално ниво како дел од вестите на ТВ Телма.
Воедно, целта на вториот состанок на регионалната платформа беше да се разговара за тековните активности на регионалната платформа и кон истата се приклучија дополнителни 5 членови. Притоа, резултатите и следните чекори од анализата за потребите на биоекономијата во Струмичкиот регион беа споделени, како и кратка дискусија на идната обука по различните работни текови за биомаса, нејзина промоција и дискусија за можни говорници и учесници. Дополнително, беше напраен преглед на достапноста на биомаса и достапни документи и студии со цел да се подготви за мапирање на примарните – земјоделски производители и секундарните – преработувачки индустрии за квантитативен и квалитативен збир на расположливите био-базирани остатоци. Со оглед на важноста за развој на план за био-базиран синџир на вредност и бизнис модели за компостирање, присутните беа информирани за повикот за идентификација на регионални био-базирани решенија од Програмата за поддршка на иновативен био-базиран синџир на вредност и дополнително ќе биде промовиран за сите заинтересирани претприемачи и засегнати страни. Настанот беше заокружен со дефинирање на следните активности за регионалната платформа за биоекономија во општина Струмица и зајакнување на промоцијата на SCALE-UP.